Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот, информира „Спорт Билд“.

Вториот престој на Геце кај „жолто-црните“ не се покажа како успешен како првиот, а поради разни повреди и болести не успеа да ги покаже своите целосни квалитети.

Светскиот шампион исто така не е задоволен од време што му се дава на теренот, иако е целосно здрав.

Има мала веројатност тој да остане на „Сигнал Идуна Парк“ доколку Дортмунд се раздели со неговиот сегашен тренер, Лусиен Февр.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 20:18