Куба денеска ја обвини највисоката американска дипломатка во земјата Мара Текач дека соработува со Хосе Даниел Ферер, уапсениот лидер на една од најголемите опозициски групи во земјата, Патриотката унија на Куба.

Текач и Амбасадата на САД во Куба се обидоа да ја поттикнат поделбата меѓу Кубанците, идентификувајќи области во економијата на кои можат да ги насочат корективните мерки и обидувајќи се да го клеветат и дискредитираат учинокот на кубанската Влада и кубанската револуција, се вели во соопштението на кубанската Влада.

Американската амбасада во Куба повторно беше отворена во 2015 година за време на нормализирање на односите меѓу кубанските власти и администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Таа работи со минимален број персонал затоа што во 2017 година беа повлечени повеќето вработени поради загриженост од мистериозни здравствени симптоми, чија причина сè уште не е јавно утврдена.

Ферер беше уапсен минатиот месец под нејасни обвиненија, јавија американските медиуми.

САД, опозициските групи и организациите за човекови права побараа тој да биде ослободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 20:23