Северна Кореја ја одби поканата за лидерот Ким Џонг Ун да присуствува на планираниот самит во Сеул со држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) следната недела, објаснувајќи дека „сега не е време“ поради затегнатите врски, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Повикот му го упатил на Ким претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин на 5 ноември.

Следната недела, во Бусан, Јужна Кореја, ќе се одржи состанок на лидерите на АСЕАН, за да ја одбележат 30-годишнината на организацијата, а во таа прилика Мун го повика Ким.

Како што објави севернокорејската агенција КЦНА, Северна Кореја се заблагодарила на поканата и побарала од Јужна Кореја да разбере дека „не може да најде никаква легитимна причина за учество на Ким“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2019 13:26