Слободарската партија на Австрија (ФПО), одбор од Виена, складирале во куќа на истокот на провинцијата Тирол, непозната количина златни плочки, тврди виенскиот неделник „Профил“.

Партијата потврди дека држела злато во трезори на Слободарскиот образовен институт Санкт Јакоб“, а за бројот на плочки и вредноста не е наведено ништо, бидејќи како што е наведено, тоа се средства на ФПО.

„Образовниот институт“ е организација што припаѓа на виенскиот одбор на ФПО каде што тие обично одржуваат семинари и состаноци.

Интересно е што одамна кружат гласини дека поранешниот лидер на ФПО, кој мораше да си даде оставка како резултат на корупциски скандал, Хајнц Кристијан Штрахе, го сметаше местото како објект за повлекување во случај на граѓанска војна или големи природни катастрофи, наведува весникот.

Канцеларијата за борба против корупцијата и економскиот криминал изврши претрес во таа куќа уште кон средината на август. Во таа прилика, наидоа на трезори, кои истражните органи не можеа да ги отворат.

Само четири лица имаа пристап до тие трезори, соопшти ФПО Виена, а меѓу нив е заменик-градоначалник на Виена и шеф на ФПО во Виена – Доминик Неп.

Трезорите, кои потоа беа отворени во присуство на Неп, содржеа запечатена метална кутија.

Клучот за таа кутија се наоѓал кај нотар кој починал во меѓувреме.

Во документот на нотарот, кој партијата го достави до истражните органи, се наведува дека содржината на кутијата се златни плочки.

Истражните органи се откажале од отворањето на металната кутија на самото место откако Неп ветил дека ќе ја пренесе содржината во Виена.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2019 14:12