Кремљ е уверен дека ништо не може да ги наруши односите меѓу Русија и Србија, и покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ отворил истрага за снимката која наводно покажува како руски агент му дава пари на припадник на српските безбедносни служби, оцени Кремљ, пренесен од Тасс.
-Односите со Србија се партнерски, од братски и сојузнички карактер. Ништо не може да влијае на тоа, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,
„Ние не знаеме за каков инцидент станува збор и дека допрва тоа треба да се утврдува“, рече Песков, пренесен од Тасс.