Осумдесетина кородирани куршуми биле пронајдени во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Кавадарци, потврдија за МИА од МВР.

Оттаму појаснија дека денеска во 8:30 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во кругот на црквата, при извршување градежни работи, биле пронајдени кородирани куршуми калибар 7,9 милиметри.

Куршумите се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување – Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 00:31