Вкупно 16 мигранти се пронајдени во заклучена приколка на траект што пловел од Франција кон Ирска.

Портпаролот на компанијата на чиј траект се откриени мигрантите, Јан Хемптон изјави дека се чини оти сите се во добра здравствена состојба и оти се пренесени во приватен салон на бродот каде за нив се грижат вработени на траектот.

Тој рече дека мигрантите биле пронајдени при рутинска инспекција.

Претставници на траектот ги известиле безбедносните и миграциските власти во Рослер, ирско пристаниште кое беше крајна дестинација на бродот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 01:44