Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го отфрли обвинението за корупција и го опиша како „обид за преврат“ против него.

Нетанјаху во јавно обраќање рече дека ќе продолжи да го води Израел.

Тој додаде дека обвинението потекнува од „лажни обвиненија“ и систематски „опструирана истрага“.

Израелски обвинител денеска официјално поднесе обвинение за корупција против премиерот Нетанјаху. Обвинението вклучува мито, кршење на довербата и измама.

Нетанјаху претходно негираше дека сторил казнено дело во три случаи на корупција, наведувајќи дека е жртва на политички „лов на вештерки“. Тој нема законска обврска да поднесе оставка после обвинението.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува десетгодишна казна затвор и максимум три години затвор за измама и кршење на довербата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 01:50