Бразилскиот напаѓач на Пари Сен Жермен, Нејмар ќе се врати во игра во петок дуелот дома против Лил, објави тренерот на шампионот на Франција, Томас Тухел.

Дваесет и седум-годишниот Нејмар не играше од октомври кога се повреди во натпревар за репрезентацијата на Бразил, а неговото враќање во составот е добра вест пред претстојниот натпревар во Лигата на шампионите во вторникот.

– Квалитетот што Нејмар го дава несомнено му носи корист на целиот тим. Тој е клучен играч, рече Тухел.

Германскиот стратег, сепак, нема да може да се потпре на повредените Андер Ерера, Марко Верти и Лоик Мбе, а за средбата со Лил под знак прашалник е и Килијан Мбапе, кој е болен.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 01:54