Боливиската полиција синоќа со солзавец растера голема погребна поворка што прерасна во антивладини протести во Ла Паз.

Илјадници луѓе кои носеа тела на петмина убиени во судирите во вторникот демонстрираа против властите. Инцидентот се случи во градот Ел Алто во близина на Ла Паз и во кој живеат приврзаници на доскорешниот претседател Ево Моралес кој е во егзил во Мексико.

Боливија е погодена од тешка политичка криза од претседателските избори на 20 октомври на кои според проценка на Организацијата на американски држави имало големи нерегуларности.

Моралес поденсе оставка на 10 ноември под притисок на демонстрантите и армијата, по што замина во Мексико, но неговите приврзаници не ја прифаќаат преодната влада.

Самопрогласената претседателка Хенин Ањес рече завчера дека планира да распише нови избори. Во протестите во изминатите 30 денови загинаа најмалку 30 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 11:30