Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон собра 26 пати повеќе политички донации од главната опозициска Лабуристичка партија во првата недела од официјалната изборна кампања.
Конзервативците собраа 5,7 милиони фунти за шест дена од 6 ноември, а лабуристите само 218.500 фунти пред предвремените избори на 12 декември, објави изборната комисија.
Конзервативците добија 87 отсто од сите донации на политичките партии во тој рок.
Коментирајќи ги податоците, лабуристите истакна дека конзервативците биле финансирани од супербогати, банкари и големи корпорации, додека стотици илјади обични граѓани ним им донирале пари.
Кога станува збор за помалите партии, проевропските ориентирани либерални демократи собраа 275.000 фунти, а партијата Брегзит на Најџел Фараж доби 250.000 фунти од страна на бизнисменот Џереми Хоскинг.