Велика Британија одлучи да ги прими децата на британските државјани кои загинаа борејќи се на страната на Исламска држава во Сирија.
– Им дозволивме да се вратат дома, бидејќи тоа е исправно, изјави шефот на британската дипломатија Доминик Раб.
Тој додаде дека на децата ќе им биде потребна поддршка за да се вратат во нормален живот.
– Тие недолжни деца, сираци, никогаш не смееја да бидат изложени на воените ужаси, посочи Раб.
Имињата на децата не се откриваат од безбедносни причини. Тие ќе бидат првите британски државјани кои ќе бидат вратени во Велика Британија од подрачјата што претходно беа под контрола на ИД.
Во камповите во Сирија има и 25 жени државјанки на Велика Британија и околу 60 деца, од кои поголемиот број се помлади од пет години.
Помал број деца претходно прифатија Франција, Германија, Норвешка и Данска.