Иранската армија покрена голема воена вежба со која се симулира воздушен напад врз Персиски Залив и Ормутски Проток.
Иранските државни медиуми објавија дека вежбата се одржува на 416.000 квадратни километри на подрачјето Семнан, а целта е да се тестира способноста на армијата во одбрана на воздушниот простор на државата од заканите од потенцијалните непријатели.
Командантот на иранското воено воздухопловство Алиреза Сабахифард изјави дека за време на вежбата ќе се тестира способноста на армијата во најтешки услови.
– Во вежбата ќе биде вклучена целата опрема и системи што ги користиме за детекција и борба на подрачјето на Персиски Залив и Ормутски Проток. Во првата фаза од вежбата ќе бидат детектирани симулирани непријателски цели, а во втората фаза ќе бидат гаѓани заканите, изјави командант Сабахифард.