Фудбалската репрезентација на Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нации.
Денеска во Нион се одржа ждрепката за натпреварите од Лигата на нациите, а „жолто-црвените“ ќе треба на гостински терен да го играат финалето доколку ја надминат косовската репрезентација.
Натпреварот со нашите соседи го играме на домашен терен на 26. март.
Нашата селекција се пласираше на првото место во групната фаза од Лигата на нациите минатата година во првата сезона од новоформираното натпреварување.
Ждрепка во Нион:
Лига Д:
Полуфинале
Македонија – Косово Грузија – Белорусија
Финале
Грузија/Белорусија – Македонија/Косово