Во Норвешка вторпат годинава пронајдени се остатоци од викиншки брод, што најверојатно е стар повеќе од илјада години.

Кнут Паше, археолог од норвешкиот Институт за истражување на културното наследство, денеска изјави дека остатоците од бродот долг 13 метри забележан е во септември, во поле кое некогаш беа гробишта на островот Едеја, околу 110 километри западно од Трондхајм.

Тој додаде дека бродот би можел да биде долг и 17 метри. За сега не е планирано ископување на бродот.

Ерата на викинзите траеше од 793 до 1066 година.

Во март под земја е откриен брод западно од Осло со помош на георадар, геофизички метод што користи радарски импулси за снимање по површинскиот слој.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2019 14:06