Доколку Фламенго ја освои титулата во Копа Либертадорес, со што официјално би станале најдобар тим во Јужна Америка, навивачите на клубот од Рио де Жанеиро нема да може да слават на легендарниот стадион „Маракана“.

Воената полиција во Рио од безбедносни причини забранува ваква масовна прослава на стадионот, па фановите ќе мора да се задоволат со караван со автомобили низ улиците на „јануарската река“. Побарано е навивачите да не одат џабе кон аеродромот, бидејќи улиците ќе се затворат, туку да чекаат во центар каде фудбалерите ќе пристигнат со автобус.

Фламенго 38 години го чека трофејот во Копа Либертадорес, и во утрешното финале во Лима, Перу, за противник го има бранителот на титулата, аргентински Ривер плејт.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 11:32