Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ од Битола денеска во Скопје организира еднодневна обука за психолози и психотерапевти на тема „Менталното здравје – витално во холистичкиот третман на лизата со ретки болести и нивните семејства“.
– Поради добрите резултати, продолжуваме со давање на бесплатна психолошка помош за лицата со ретки болести и нивните семејства и истата ја прошируваме во други градови во Република Северна Македонија. Листата на психолози и градови во кои работат ќе ја објавиме наскоро на нашата веб страна и на социјалните медиуми, соопштуваат од Здружението.
Оваа обука, се одржува во рамки на Линијата за помош на ретки болести.