Властите на Брегот на Слоновата Коска синоќа соопштија дека уапсиле двајца најбарани европски бегалци, осудени на доживотен затвор поради убиство на еден Британец во Белгија во 1996 година.

Жандармеријата на африканската држава соопшти дека се во средата и четвртокот во Абиџан уапсени се Французинот, Жан-Клод Лакот и Белгијанката, Хилде ван Акер.

Лакот и Ван Акер првично беа уапсени во Белгија поради убиство на бизнисменот Маркус Мичел, но тие беа ослободени поради недостиг на докази и побегнаа во Јужна Африка.

Во 2011 година осудени се во отсуство на доживотен затвор, а во Белгија беа ставени на листата најбарани лица.

Властите на Брегот на Слоновата Коска истакнаа дека Лакот и Ван Акер го смениле идентитетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 13:05