Напаѓачот Пако Алкасер се повреди на синоќешниот натпревар на Борусија Дортмунд со Падерборн, и нема да игра в среда во Лигата на шампионите против неговиот некогашен клуб Барселона.

Шпанскиот фудбалер кога се повреди на теренот во Дортмунд, за време на мечот кој заврши 3:3, почна да плаче, од мака што нема да може да настапи на гостувањето на „Камп Ноу“ во многу важниот меч за Борусија во ЛШ.

Засега нема официјална информација околу тежината на повредата, но според тоа колку Алкасер беше тажен, веројатно свесен е дека нема да може да игра в среда, а можеби му претстои и подолга пауза.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 13:57