Најмалку девет луѓе загинаа, од кои четворица цивили при експлозија на автомобил-бомба во Тал Абијад, град во близина на границата со Турција.

При нападот повредени се 22 лица.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот.

Во Тал Абијад претходно се случија два слични терористички напади во кои загинаа најмалку 21 човек.

Турција и нејзините сојузници помеѓу сириски бунтовници го освоија Тал Абијад и околината во офанзивата што беше покрената на 9 октомври против курдските милиции. Двата договора за примирје, првиот со САД, а другиот со Русија ја стопираа турската операција.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 14:29