САД се најголемиот извор на глобална нестабилност, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесувајќи ги зборовите на државниот советник Ванг Хиа.

Ванг изјави дека американските политичари ја „валкаат“ Кина ширум светот без да понудат докази и користејќи политика за сузбивање на легитимните кинески деловни интереси.

Ванг ова го изнел во разговорот со холандкиот министер за надворешни работи на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г20 во Јапонија, соопшти министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 15:54