Официјален Лондон не одговори на писмото на Европската комисија во кое беше повикан да го номинира својот кандидат за комесар во рокот до ноќеска на полноќ, потврди портпаролката на ЕК Мина Андреева.

-Комисијата дополнително ќе ја разгледа ситуацијата и ќе одлучи за можните следни чекори доколку и еден од нив се смета за примерен, изјави Андреева денеска за ДПА.

Комисијата на 14 ноември отвори правна постапка против Велика Британија откако Лондон ја прекрши својата правна обврска кон ЕУ за именување кандидат за еврокомесар, па побара и одговор од Лондон за тоа.

ЕК може да покрене тужба против Велика Британија пред Судот на ЕУ.

Комисијата треба да ја сочинуваат по еден висок функционер од сите 28 земји членки на Унијата.

Расте загриженоста дека со неименувањето на кандидат од Лондон ќе дојде до натамошно одложување на почетокот на работата на владата на Ерсула вон дер Лајен.

Британскиот премиер Борис Џонсон одби да именува комесар наведувајќи ги како причина скорешното излегување на земјата од Унијата, како и закажните парламентарни избори за 12 декември.

Тимот на Урсула вон дер Лајен е уверен, врз основа на правниот совет, дека очекуваниот почеток со работа на Комисијта -1 декември, не треба да биде спорен иако Велика Британија нема свој комесар. Својата нова должност претседателката на ЕК Вон дер Лајен требаше да ја преземе на 1 ноември од претседателот во заминување Жан Клод Јункер, но беше присилена на одложување откако европратениците не го прифатија именувањето на тројца кандидати.

Членките на ЕУ во петокот ја потврдија новата Комисија, а се очекува Европскиот парламент во среда да ја потврди на гласање на пленарна седница во Стразбур.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 16:25