Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изрази задоволство од успешниот старт на тренерската функција во Тотенхем. „Спарс“ попладнево во градското дерби го совлада Вест хем со 3:2.

На почетокот на второто полувреме тимот предводен од Португалецот водеше со 3:0, но на крајот за млаку ќе останеше без трите бода.

– Јас сум многу среќен. Пред да примиме два гола, одигравме многу добро, го прикажавме на теренот она што го испробавме на тренинзите. Ја чувавме топката и можевме да направиме 4:0 и да ја убиеме играта. Имаме среќа што поминав толку многу години во Премиер лигата. Им кажав на играчите за време на паузата од мечот дека и во 85. минута да биде 3:0, не е ништо готово, изјави Мурињо.

Многу фактори играа улога. Емоции од разрешување на поранешниот тренер, враќање на играчи од националните тимови, замор од последните 20 минути. Главната работа е што победивме. Без разлика како. Момците се среќни и тоа е она што го сакав, нагласи предводникот на Тотенехм.

Португалскиот специјалист го презема тренерското место во клубот на 21 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2019 16:35