[photo
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот меч за Наполи вечерва на гостувањето кај Милан. Средбата заврши нерешено 1:1, а Елмас во финишот доби жолт картон.
Стрелеци на головите беа Лозано за Наполи во 24.минута и Бонавентура за Милан во 29.минута.
По 13 натпревари Наполи има 20 бода за во моментов 7. место во Серија А, додека Милан со 14 бода е на 13. позиција.