Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на Интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса.

Како што пишува американскиот стручен магазин „Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае како е креирана, но е јасно дека податоците ги добивала од повеќе извори.

Неа ја сочинувале податоците на 1,2 милијарда корисници на онлајн сервиси, како социјалните мрежи, а главно се состоела од имиња, имејл адреси и броеви на телефони. Среќа во несреќа е што во базата на податоци немало лозинки, нити податоци за кредитни картички, пренесе порталот Кликс.ба.

Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019 година, а во неа податоците се „тешки“ околу четири терабајти и вклучуваат информации собирани од профилите на Фејсбук, Твитер и Линдкин.

На серверот биле пронајднеи четири милијарди профили и 650 милиони единствени имајл адреси што можеле да се поврзат со 1,2 милијарда вистински лица.

Магазинот наведува дека серверот веќе не е онлајн и до податоците веќе не може да се пристапи, а случајот бил пријавен во американското Федерално истражно биро (ФБИ).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 12:53