Рекоден број избирачи денеска излегоа на гласање на локалните избори во Хонг Конг, што се гледаат како барометар на поддршката за лидерката Кери Лам, чиј мандат е одбележен со речиси шестмесечни протести, во кои често пати имаше и насилство.

Владините податоци покажуваат дека досега гласале 1.524.675 лица, а останати се уште девет часа до затворање на избирачките места, пренесоа британските медиуми.

Со ова е надмината излезноста од претходните локални избори пред четири години.

Повеќе од 4,13 милиони гласачи на Хонг Конг имаат право на глас на овие локални избори, први од почетокот на немирите, што во јуни ја зафатија оваа автономна кинеска територија.

Окружните совети се пониски владини теча со четиригодишен мандат, кои во 18-те дистрикти од градот се грижат за локални проблеми, како градскиот превоз или објектите за рекреација.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 13:09