Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери призна по разочарувачкото реми од 2:2 против Саутемптон дека целосно го разбира бесот на навивачите против него и тимот.

Шпанецот неодамна доби нов кредит на доверба од неговите шефови на „Емирати“, но тие експлицитно го предупредуваат дека резултатите треба да се подобрат, а до денес не е забележан напредок.

– Го разбирам незадоволството на навивачите од тимот и од мене. Ќе работам напорно за да ги подобрам резултатите на тимот во следните неколку натпревари. Мислам дека имаме многу квалитети, но едноставно не настапивме доволно добро на овој натпревар. За жал изгубивме поени. Навивачите ни помогнаа многу и нè поддржуваа во текот на целиот натпревар, но едноставно не покажавме што е потребно за да излеземе како победници од оваа битка. Навистина ми е жал, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 13:49