Најмалку осум демонстранти се убиени денеска, а повеќе од 120 се поврдени, кога ирачките сили за безбедност отвориле оган за да ги растурат протестите на повеќе мста низ земјата, соопштија извори од полицијата и здравствените служби.

Во главното ирачко пристаниште во Персискиот залив, Ум Каср, во непосредна близина на богатиот со нафта град Басра, силите за безбедност убиле најмалку петмина, а раниле повеќе од 70 демонстранти.

Во текот на денешните протести немаше блокада на пристанишните активности, а танкерите и натаму нормално минуваат, јавија британските медиуми.

Најмалку тројца демонстранти се убиени, а повеќе од 50 се повредени во градот Насирија, на југот од земјата, кога силите за безбедност отвориле оган врз учесниците во протестот.

Демонстрантите се собрале на трите главни моста во градот, а силите за безбедност употребиле боева муниција и солзавец за да ги растераат, наведоа изворите.

Ирачките антивладини протести ескалираа на 1 октомври, а нејчесто се органзирани во Багдад, иако ги има и во другите ирачки градови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 13:57