Sвездата на Тотенхем, Хјун-мин Сон призна дека на него и неговите соиграчи ќе им треба време да се навикнат на директниот стил на игра на нивниот нов менаџер, Жозе Мурињо.

– Треба да се прилагодиме на нешто ново. Но, игравме добро против Вест Хем и ја завршивме нашата работа. Беше тешко бидејќи немавме многу време да се подготвиме. Среќни сме што ги освоивм трите бода. Беше тешка недела за нас. Сега треба да се прилагодиме на новите работи, новиот систем, но можеби тренерот ќе биде среќен денес. Затоа што заслуживме да победиме. Треба да научиме некои нови работи. Поведовме со 3-0 и Мурињо ни рече дека треба да бидеме сконцентрирани. Моравме да ја убиеме интригата со уште еден, изјави репрезентативецот на Јужна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 15:39