Менаџерот на Евертон, Марко Силва се сретнал со сопствениците на клубот, пренесува „Телеграф“. Причината е слабата игра на тимот, која продолжи по 13. коло од Премиер лигата. „Карамелите“ беа поразени на својот стадион со 0-2 од Норвич.

Веднаш по натпреварот, Марко Силва разговараше со сопственикот на клубот, Фархад Мошири и директорите на Евертон, кои сега мора да одлучат за неговата иднина.

Тимот од Ливерпул загуби шест од последните девет натпревари во лигата и во следните натпревари ќе се соочи со Ливерпул, Лестер (двапати), Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.

Тимот е на 15-то место во привремениот пласман со 14 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 15:44