Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за можноста неговиот тим да привлече нови играчи за време на зимскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ досега играат просечна сезона и имаат собрано само 16 поени од 12 одиграни натпревари. Норвежанецот е скоро една година на чело на тимот на „Олд Трафорд“ и се обидува да ја промени политиката за привлекување скапи sвезди и давање шанса на младите фудбалери на школата, како и да купува млади и талентирани играчи.
Новата политика се одрази и на потезите во текот на летото, кога беа ангажирани Хари Мегваер, Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака.
Во медиумите, имињата на Џејден Санчо, Ерлинг Холанд, Џејмс Медисон се споменуваат како главни цели за следните трансфер прозорци. Солскјер призна дека можностите за вакви набавки во зима се значително намалени, но можно е да се ангажираат еден или двајца играчи за да му помогнат на неговиот тим на краток рок.
„Проблемот не е во сумата што ќе ја дадеме, туку во тоа кои точно играчи сакаме да ги привлечеме на долг рок, не само за три или четири месеци. Не многу клубови се подготвени да се разделат со нивните главни играчи во јануари. Можеби еден или двајца играчи да ќе се ангажираат, што само ќе му помогне на тимот, но нема да чинат многу. Некои играчи се вратија кај нас, ќе го погледнеме пазарот и ќе видиме кои се можностите, кратко објасни Солскјер.