Синоќа публиката на „Сантијаго Бернабеу“ го истури својот гнев на Герет Бејл. Навивачите на Реал Мадрид реагираа по наивниот потег на Велшанецот да ги вклучи „лос Бланкос“ во натпис со неговите приоритети, што доби силен одек низ цела Европа. Голем дел од мадридистите започнаа да го исвиркуваат Герет на почетокот на неговото загревање во близина на аут-линијата.

Кога стапна на теренот, илјадници го изразија своето незадоволство кон бројот 11. „Бернабеу“ одамна не се сеќаваа на слична жестока реакција кон нивни играч. Поставувањето на навивачите не влијаеше негативно на фудбалерот, кој се претстави многу добро на натпреварот и одигра силни 30 минути.

– Се надевам дека свирежите до Бејл нема да траат цела сезона, рече менторот Зинедин Зидан на прес-конференција по средбата со Реал Сосиедад.

– Фактот што го прославивме на овој начин голот (третиот) покажува дека сме обединети. Герет секогаш ме третира добро и заслужува почит. Тој тренира добро и му помага на тимот. Ако продолжи вака, публиката ќе го промени ставот кон него, рече еден од хероите на „белите“ Федерико Валверде.

– Го поддржуваме на теренот. Сега тој мора да ги освои срцата на луѓето, рече голманот Тибо Куртоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2019 16:37