Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека Хонг Конг е дел од Кина, без ралзика што ќе се случи во оваа полуавтономна територија.

-Што и да се случи во Хонг Конг, тој е дел од кинеската територија. Ниту еден обид за уништување на Хонг Конг или поткопување на стабилноста на Хонг Конг не може да смета на успех, рече Ванг пред новинарите во Токио, одговарајќи на прашањето за локалните избори во градот.

Продемократската опозиција, се чини, однесе победа на изборите во Хонг Конг, што е нов удар за шефицата на локалната влада, Кери Лам, и осуда на нејзиниот однос кон насилните протести што со месеци ја потресуваат оваа автономна кинеска територија.

Броењето на гласовите се уште трае, но медиумите пренесоа дека опозицијата освоила апсолутно мнозинство во локалниот парламент.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 11:17