Шпанската полиција запленила подморница на која биле откриени два тона кокаин и притоа уапсила две лица.

Би-Би-Си го цитира соопштението на полицијата во кое се наведува дека подморницата била откриена кога се доближила до брегот на Галиција, и дека трето лице, исто така, било во неа, но успеало да им побегне.

Трите лица, се навеудва во соопштението, потекнувале од Еквадор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека подморницата од Колумбија пристигнала до шпанскиот брег, а полицијата се обидува да утврди дали цело време самостојно патувала од Латинска Америка.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 11:26