Од ЈСП Скооје информираат дека од утре, вторник (26.11.2019 година), поради градежни работи, терминалот во Ново Лисиче нема да биде во функција и времено ќе биде преместен на постојката кај ОУ „Лазо Ангеловски“.

Возилата од автобуските линии 5, 15, 15А и 35 за почетна/крајна станица ќе ја користат посочената локација.

Времениот режим ќе важи се до завршување на градежните работи кои се причина за поместување на терминалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 14:06