Морис Робинсон од Северна Ирска, обвинет за убиство на 39 Виетнамци, кои минатиот месец беа пронајдени мртви во камион во близина на Лондон, денеска ја призна вината за помагање во илегална имиграција и за нелегално стекнување на имот.

Возачот на камионот Робинсон (25) по видео линк од затворот Белмарш, источен Лондон не се изјасни за вината по 41 точка од обвинението, вклучително и 39 точки за убиство.

Жртвите, 31 маж и осум жени се најдени на 23 октомври во камион во Есекс.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 15:54