Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе може да го продолжи договорот со клубот. Францускиот клуб веќе започна преговори со 20-годишниот фудбалр, пренесува „Л’Екип“.

Претходно се појавија информации дека ПСЖ сакал да потпише петгодишен договор со Мбапе со годишна плата од 30 милиони евра плус бонуси.

За Мбапе е заинтересиран и Реал Мадрид, но претседателот на клубот Насер Ал-Хелифи не сака да го продаде Французинот и ќе се сретне со неговиот агент во блиска иднина.

Оваа сезона Мбапе има одиграно 11 натпревари на сите натпреварувања, постигна девет гола и три асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 15:56