Потребно е да се подобри системот за антитерористичка заштита на објектите и територијата, соопшти денеска прес службата на рускиот Совет за безбедност, што го свика рускиот претседател Владимир Путин.
На средбата, во панелот за проблемите на неутрализирање на внатрешните закани по националната безбедност на рускиот научен одбор на Советот за безбедност, забележено е дека е потребно подобрување на моменталниот систем за заштита на објектите од можни терористички закани, се наведува во соопштението, пренесено од Тасс.
На средбата било сугерирано да се измени кривичното и административното право за да се утврди договорноста за кршење на барањата за антитерористичка заштита на објектите (територијата), нуклеарниот и хемискиот сектор, виталните, сообраќаните инфраструктури и други критични и потенцијално опасни објекти и места на кои има многу луѓе, соопшти прес службата на рускиот СБ.
Забележано е и дека е потребна длабока научна анализа на заканите од нов тип, кои потекнуваат од потенцијалната употреба на терористичките достигнувања, научните достигнувања и технологиите.