Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека Велика Британија е во „опасен хаос“, како и неговата Лабуристичка партија ниту дека конзервативците на Борис Џонсон не заслужуваат да победat на изборите на 12 декември.
– Јавноста не е убедена дека секоја голема партија заслужува изборна победа, изјави Блер.
Велика Британија одржува избори три години порано, бидејќи Парламентот е во „ќорсокак“ поради брегзит, не можејќи да се договори за тоа како и дали воопшто да ја напушти Европската унија.
– Ние сме во хаос, нагласи Блер, кој беше лабуристички премиермеѓу 1997 и 2007 година.
Блер оцени дека и двете најголеми партии продаваат фантазии и дека доколку изборните анкети се точни, партијата на Џонсон веројатно ќе освои мнозинство.
Тој рече дека неговата партија сега е контролирана од „марксистичко-ленинистичко крило“ и дека нивниот лидер Џереми Корбин ветил револуција.
– Проблемот со револуцијата не е како ќе започне, туку како ќе заврши. Проблемот со револуциите е што тие секогаш завршуваат лошо, рече Блер.