Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје Фернандо Ариас денеска му даде поддршка на извештајот за минатогодишниот смртоносен напад со хемиско оружје во Сирија, а кој беше доведен во прашање со наводно писмо со оспорена соддржина од еден член од организацијата што во меѓувреме протече во јавноста.
Ариас денеска јавно го поддржа извештајот што во март го објави мисијата за утврдување на фактите на оваа организација, во кој се наведува дека мисијата нашла „разумни основи“ за тврдењето дека во смртоносниот напад во сирискиот град Дума бил користен хлор, пренесуваат американските медиуми.
Во писмото што член на тимот на мисијата на ОЗХО наводно го доставил и објавил на веб страницата на Викиликс, заклучоците беа оценети како пристрасни.
-Се залагам за непристрасни и професионални заклучоци до кои дојде мисијата за утврдување на фактите, рече Ариас
САД, Велика Британија и Франција ја обвинија Сирија и како казна почнаа со водушни напади врз неа, иако Дамаск ја отфрли одговорноста за таквиот напад.