Аргентински суд денеска осуди двајца свештеници за сексуално злоставување глуви деца во католичко училиште.

Градскиот суд во Мендоза го осуди свештеникот Никола Корадио на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбач на 45 години затвор за дела што се случиле во Институтот „Антонио Проволо“ за глуви и деца со оштетен слух во северозападна Аргентина.

Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец, стар 59 години. Двајцата беа уапсени во 2016 година.

Судот, исто така, го осуди градинарот Арманд Гомез на 18 години затвор.

Нивните жртви се 10 поранешни ученици.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 20:00