Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска ја осудија најавата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека еврејските населби повеќе не се сметаат за кршење на меѓународното право.
На вонредниот состанок една недела по објавата на САД, генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гајт ја нарече одлуката „неправедна и неприфатлива“.
Тој верува дека САД ја изгубиле улогата како неутрален арбитер меѓу Израел и Палестинците.
Промената во американската политика предизвика меѓународна осуда и беше последна во низата потези на Белата куќа заедно со десничарската израелска влада против Палестинците за клучните прашања на конфликтот што трае со децении.