Израелската војска соопшти денеска дека била истрелана ракета од Појасот Газа, помалку од две недели откако прекинот на огнот ги запре непријателствата меѓу Израелците и Палестинците.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

Претходно овој месец, во израелски воздушен напад беше убиен еден од командантите на милитантната група Исламска џихад, по што беа испукани стотина проектили од Појасот Газа.

Израелските напади кои уследија убија најмалку 34 Палестинци, меѓу кои и 16 цивили.

Следуваше примирје со посредство на Египет и Обединетите нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 20:15