Во Белата куќа денеска пристигна божикната елка, која официјално ја прими првата дама Меланија Трамп.

Дрвото беше донесено до главниот влез на Белата куќа со запрежнa колa влеченa од коњи, додека членовите на воениот оркестар свиреа божикна музика.

Елката се одгледуваше во фармата на Лери Снајдер во Пенсилванија, кој победи на годишниот натпревар организиран од Националното здружение на елки.

Претставници на Белата куќа го избраа дрвото пред три недели за време на посетата на фармата на Снајдер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 20:16