Голманот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе пропушти неколку недели поради повреда на препоните што ја доби за време на дербито на Челзи во саботата.

Ова го откри денес менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Според медиумите на Островот, скоро е сигурно дека аргентинскиот напаѓач ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на 7 декември.

– Не знам колку ќе пропушти. Тој веројатно ќе пропушти неколку натпревари. Тој има проблем со тетивата, па ќе биде надвор за следните неколку натпревари. Серхио ќе ни недостасува. Сепак, ги имаме Габриел Хесус и Рахим Стерлинг кои можат да играат на оваа позиција. Нема други нови повредени. Давид Силва и Родри имаа грчеви, но тие се во ред, рече Гвардиола.

Агуеро има два гола на 12 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 22:14