Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Микел Артета е подготвен да преговара со „топџиите“ за замена на Унаи Емери.
Артета во моментов е асистент тренер во штабот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Сепак, сигналите од таборот на „граѓаните“ се дека со сериозен интерес од некој клуб, тие нема да му пречат на Артета.
Шпанецот е меѓу главните кандидати за позицијата на сегашниот ментор Емери. Англиските медиуми објавија и дека Масимилијано Алегри е опција за местото на „Емирати“, кој е без работа откако го напушти Јувентус летото.
Арсенал претрпе уште еден неуспех во последното коло, завршувајќи 2-2 на домашен терен против Саутемптон. Тоа го остави тимот на 8-то место на табелата со само 18 поени.