Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале во пресрет на нивната прва средба следниот месец.

Во соопштенијата на Кремљ и на украинскиот претседател се наведува дека темите биле преговорите меѓу Русија, Украина и ЕУ за транзитот на руски гас кон европските потрошувачи преку Украина, пренесуваат американските медиуми.

Од Киев, исто така, се наведува дека Зеленски инсистирал Русија да ги врати документите од трите украински брода кои руската војска ги заплени во 2018 година, а минатата недела им беа вратени на Украина. с



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 10:52