Уставниот суд во Перу го одобри барањето за заштита на незаконското апсење на лидерката на опозицијата Кеико Фуџимори.

Таа, меѓутоа, и натаму се наоѓа под истрага заради обвинение за корупција. Фуџимори е една од најмоќните политичарки во Перу, но доживеа пад на популарноста кога беше притворена во октомври 2018 година.

Таа е обвинета дека примила пари од компанијата „Одебрехт“, бразилски градежен гигант, за претседателската камапња во 2011 и 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 11:42