Секој австриски пратеник во парламентот во просек има пет дополнителни работи или функции што морал да ги пријави, се наведува во списокот за транспарентост на парламентот.

Три четвртини од дополнителните работи се функции во партии, организации и здруженија блиски до партиите, за кои не добиваат примања.

Висината на своите дополнителни примања, инаку, ги пријавиле само малку над половината пратеници.

Пратениците во австрискиот Парламент добиваат месечна бруто плата во висина од 8.931 евра, а секој од нив кој има дополнителни работи мора да ги пријави.

Задолжително е, исто така, пријавувањето на дополнителните функции за кои тие не примаат надомест.

Висината на дополнителните примања не се изнесува поединечно во јавноста, туку еднаш годишно се соопштува вкупната бројка на примени пари.

Меѓу оние кои веќе пријавиле дополнителни примања се дури шестмина пратеници кои потпаѓаат во категоријата „пет“, што значи дека тие месечно заработуваат дополнителни повеќе од 10.000 евра.

На крајот од списокот за транспарентност се наоѓаат 33 пратеници кои немале нкакви дополнителни примања, а вкупно 79 пратеници се уште не ја навеле својата категроија на дополнителни привилегии.

Рекордери, според дополнителните работи или функции, се пратениците на Народната партија на Австрија (ОВП) Елизабет Шојхер-Пихлер со 22 и Карина Рајтер со 21 доополнителна функција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 12:25