Нови два контејнера утринава се опожарени на улицата „Никола Карев“ во близина на нова железничка станица, информира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и посочува дека во првите десет месеци од годинава од непознати сторители се опожарени над 100 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во Град Скопје.

-Само во привите седум дена од ноември изгореа 10 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на јавното претпријатие му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари, велат од Комунална хигиена.

Оттаму посочуваат дека палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и нормалното одржување на хигиената во Градот. Апелираат да престане вандализмот и уништувањето на нивната опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 13:59